„Фалангата“ тргна во поход на Дебрецин – доаѓа осмиот играч на ракометарите! (ФОТО)

Како и секогаш досега на сите големи натпреварувања, нема да изостане поддршка за машката ракометна репрезентација.

И покрај многуте протоколи поради актуелната ситуација, сепак Дебрецин овој јануари ќе биде обоен во „црвено-жолто“ почнувајќи од утре кога се очекува да пристигнат најголем дел од навивачите.

Меѓу нив е големиот поддржувач на ракометот, на македонскиот спорт воопшто, Мирослав Попоски, кој со неколкумина пријатели навивачи се упати кон вториот по големина град во Унгарија.

Во „Феникс Арената“ во Дебрецин сигурно ќе доминираат боите на „фалангата“, уште на првиот дуел со Словенија утре од 18:00 часот, како и на следните средби со Црна Гора и Данска на 15, односно 17 јануари.