Ракометарите на Партизан од Гевгелија и Текстилец одиграа максимално неизвесен натпревар во плеј-аутот од Првата лига кој на крајот го доби домашната екипа со минимални 28:27.
Гостите имаа одличен почеток и водство на стартот на мечот, Текстилец долго го диктираше резултатот и играта. Сепак кон средината на првиот дел Партизан се врати во игра и го сврте резултатот.
На паузата гостите имаа минимална предност од 16:15. И второто полувреме беше многу неизвесно, постојано беше нерешено или еден предност за Текстилец, но во финишот домашниот тим подобро се снајде и победи во трилер натпревар.
Предводници до победата на Партизан беа Димитар Узунчев со десет и Тодор Узунчев со осум погодоци. Во тимот на Текстилец, Стојанче Ристов беше најеификасен со пет гола.