Триумф над Вардар во Скопје злато вреди – ѕирнете како прославија пелистерци во соблекувална (ВИДЕО)

Еурофарм Пелистер се враќа во трката за титулата откако направи „брејк“ во Скопје и го победи Вардар со 24-23 (12-11), па веројатно решавачки ќе биде дуелот во Битола што треба да се игра  околу 1 мај. Сега лидер на табелата е Еурофарм Пелистер и има два бода предност во однос на „црвено-црните“. Но, до крај на плејофот останува да се играат уште осум кола. Сепак малку веројатно е дека некој тим некаде ќе киксне, па Битола ќе биде решавачка. Вардар не се победува секој ден и тоа среде Скопје, па битолчани знаеја како да го прослават големиот триумф.