Францускиот голман Робин Кантегрел ќе биде дел од триото голмани на европскиот шампион Вардар заедно со Борко Ристовски и Марко Кизиќ.
Во неговиот роден град Анжер, пријателите му приредија интересна забава за испраќање во Скопје.
Најинтересниот детал беше малата торта „Добредојде во Вардар“, а Кантегрел се заблагодари на социјалните мрежи.