Машката репрезентација на Македонија денеска отпатува за Луксембург со лет преку Истанбул со 17 ракометари.
Во Скопје останаа голманот Мартин Томовски и Едвин Омерагиќ, а во Луксембург ќе се приклучи голманот Никола Митревски.
Претходно од составот поради повреди отпаднаа од комбинација пивотите Костадин Петров и Марко Стојковиќ.
Натпреварот меѓу Луксембург и Македонија се игра утре со почеток во 20:15 часот, додека Турција гостува во Скопје на 30 април од 18:00 часот.