Тиквеш според планот, Голден Арт најави кандидатура за плеј-оф, сефте за Струга

Изминатиот викенд се играа натпреварите од второто суперлигашко коло, кои беа во сенка на заостанатото дерби меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер од првото коло.

Тимот на Тиквеш од Кавадарци според очекувањата славеше убедливо на гостувањето кај новиот суперлигаш Аеродром, иако дел од ракометарите имаа здравствени проблеми. Младиот и желен за докажување тим на Аеродром ќе бара бодови на некој од следните натпревари.

Струга по поразот од Охрид во првата рунда, во второто коло на домашен терен беше подобра од Куманово. Иако во дел од мечот Куманово парираше, сепак избраниците на Наум Танески кои се комбинација на младост и искуство, успеаја да ги освојат првите бодови. Во Куманово одново се појавија проблеми со играчкиот кадар, го немаа на располагање Вучко Мрвовиќ, па ќе им биде тешко да освојуваат бодови на гостински терен.

На дербито во Охрид, домашните не освоија бодови против вицепрвакот од Авткоманда, но избраниците на Стевче Алушовски, поправен ќе имаат следниот викенд на гости кај Куманово.

Младиот тим на Еурофарм Пелистер 2 предводен од исто така млад стратег Михаил Петровски, се израдува на прв триумф сезонава. Можеби и полесно од очекувањата, домашните во Битола го совладаа составот на Скопје, кој ќе бара бодови на следните натпревари.

Вардарци како подготовка за дербито со Еурофарм Пелистер го одиграа дуелот со Бутел Скопје и победија, иако во финишот можеше да се случи нешто непредвидено. Бутел не е тим против кој може ривалот да игра опуштено и благодарение на голманот Блажески се врати во игра на минус еден на две минути до крајот. Сепак вардарци на крајот погодија два пати по ред за триумф и три бода.

Голден Арт по гостинската победа кај Мулти Есенс, забележа уште една на гости, овојпат кај Вардар Неготино и покажа дека сериозно треба да се смета на нив. Во тензичен натпревар, „бело-црните“ избраници на Владимир Глигоров, освоија бодови што може да бидат од големо значење во битката за ТОП 8.

Пролет има „два од два“ на стартот на сезоната пред дуелот со Вардар, но избраниците на Алексо Лембанов покажаа и низа слабости на средбата со амбициозниот Прилеп, кој скапо ја „продаде“ кожата на гостувањето во Скопје. Прилепчани беа тврд орев, но во клучни моменти не успеваа да реализираат и бодовите останаа за Пролет.

Супер лига, 2 коло, резултати:

Група А:
Аеродром – Тиквеш 29-39 (ИЗВЕШТАЈ)
Струга – Куманово 30-26 (ИЗВЕШТАЈ)
Охрид – Алкалоид 22-28 (ИЗВЕШТАЈ)
Еурофарм Пелистер 2 – Скопје 37-22 (ИЗВЕШТАЈ)

ПозЕкипаНПРЛБ
1АЛКАЛОИД11110033
2ВАРДАР 196111100130
3ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР1190227
4ОХРИД1180324
5БУТЕЛ1160518
6ТИКВЕШ 20141151516
7ПРОЛЕТ1142514
8ПРИЛЕП1141613

Група Б:
Бутел Скопје – Вардар 21-24 (ИЗВЕШТАЈ)
Вардар Неготино – Голден Арт 24-26 (ИЗВЕШТАЈ)
Пролет – Прилеп 30-25 (ИЗВЕШТАЈ)
Еурофарм Пелистер – Мулти Есенс, петок, 18:00 часот

ПозЕкипаНПРЛБ
1ГОЛДЕН АРТ1452717
2МУЛТИЕСЕНС1430119
3ВАРДАР НЕГОТИНО1420126