Тиквеш со хуман потег – придружете им се

Екипата на Тиквеш во 7. коло од суперлигашкиот плеј-оф на свој терен ќе го пречека македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер.

Екипата на Тиквеш реши средствата собрани од продажба на билетите од натпреварот со Еурофарм Пелистер да бидат наменети за малиот Петар кому му треба неопходна лекарска помош во странство.

Натпреварот меѓу Тиквеш и Еурофарм Пелистер ќе се одигра на 2 април (недела) со почеток од 19 часот.

Билетите ќе можат да се купат пред одигрувањето на натпреварот, односно на билетарата во спортската сала ,,Јасмин”.