Ракометарите на Текстилец дојдоа до победа од 24:22 на гостувањето во Скопје кај тимот на Риниа М.
Ова беше дуел за меѓусебно надигрување и без преголемо значење околу пласманот на табелата така што можеше да се одработи според посакуваното.
После нерешените 9:9 во текот на првото полувреме, во вториот дел од средбата играта беше сосема поинаква. Гостите имаа контрола и успеаја да создадат предност во финишот.
Тимот на Риниа М водеше со 19:18, а потоа следуваше далаеку подобра игра на Текстилец. Гостите дојдоа до 24:20 и во последните моменти од средбата само дозволија домаќинот да го ублажи поразот.
РИНИА М – ТЕКСТИЛЕЦ 22:24 (9:9)
Сала: ОУ „7 Март“ во Скопје. Судии: Илија Давидовски и Бобан Стојановски од Скопје. Делегат: Мамер Реџепи од Скопје.
РИНИА М: Енес Мемеди, Енис Мемеди 3, Палоши 1, Весов 1, Митревски 1, А. Исмаили 7, Џ. Исмаили, Сејди 1, Јакимовски 8, Туша
Седмерци: 1/2, Исклучувања: 4 мин.
ТЕКСТИЛЕЦ: Атанасов, Петров 9, Стојменов 1, Џинес, Јовановски 2, Димитров 4, Атанасов, Боболковски, Ристов 8, Димчевски, Шутев, Савев, Атанасов
Седмерци: 2/4, Исклучувања: 6 мин.