Организаторот на играта Марио Танкоски, потпиша нов договор со Еурофарм Пелистер и ќе остане во Битола најмалку до 2025 година.
Тој е еден од најдобрите ракометарите на битолчани оваа сезона и со игрите во домашната конкуренција и во Европа го убеди раководството да му понуди нова соработка.
Средниот бек дојде во Битола во пролетта 2020 година од Металург, а претходно настапуваше и за матичната Струга.
Претходно Еурофарм Пелистер ги продолжи договорите со Ненад Костески, Емилијан Ѓорговски, Цветан Кузманоски и Павле Атанасијевиќ до 2025 година.