После две кола фаворитите за првите три позиции во двете групи покажуваат дека се добро подготвени за да можат да го издржат големиот напор кој го носи долгата сезона. Сите екипи ги очекуваат уште шест вакви продолжени викенди во кои ќе имаат по две средби така што нема да биде воопшто лесно.
Денешните дуели од 2. коло покажаа дека екипите се подготвени да се борат за секој поен. Не е воопшто лесно со оглед на тоа што допрва доаѓаат тешките средби.
Инаку, во 2. коло од Групата А сите победи беа за домашните тимови. Пролет лесно дојде до три бода против Астраион, Радовиш наиде на силен отпор против КЛ 7, но немаше изненадување, додека Струга мораше добро да се испоти и со пресврт да стигне до победа над Јуниор Кисела вода.
Во Групата Б ситуацијата беше многу слична. Победа на гостински терен имаше само Металург, додека Бутел Скопје после тешко прво и убедливо второ полувреме се избори за три бода против Младост. Затоа, пак, Еурофарм Пелистер 2 лесно се избори за три поени против тимот на Работнички.
Следното, 3. коло се игра веќе в петок.
СУПЕР МАШКА ЛИГА, РЕЗУЛТАТИ ОД 3. КОЛО
ГРУПА А
ПРОЛЕТ – АСТРАИОН 32:24 (ИЗВЕШТАЈ/ФОТОГАЛЕРИЈА)
РАДОВИШ – КЛ 7 33:29 (ИЗВЕШТАЈ)
СТРУГА – ЈУНИОР КИСЕЛА ВОДА 22:20 (ИЗВЕШТАЈ)
ОХРИД беше слободен
СЛЕДНО, 3. КОЛО (ПЕТОК, 18 СЕПТЕМВРИ)
ГРК ОХРИД – РАДОВИШ
КЛ 7 – ПРОЛЕТ
АСТРАИОН – СТРУГА
ЈУНИОР КИСЕЛА ВОДА е слободен
ГРУПА Б
БУТЕЛ СКОПЈЕ – МЛАДОСТ 1977 33:23 (ИЗВЕШТАЈ)
ПРИЛЕП – МЕТАЛУРГ 21:28 (ИЗВЕШТАЈ)
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – РАБОТНИЧКИ 35:23 (ИЗВЕШТАЈ/ФОТОГАЛЕРИЈА)
ГРК ТИКВЕШ беше слободен
СЛЕДНО, 3. КОЛО (ПЕТОК, 18 СЕПТЕМВРИ)
ГРК ТИКВЕШ – БУТЕЛ СКОПЈЕ
МЛАДОСТ 1977 – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2
РАБОТНИЧКИ – ПРИЛЕП
МЕТАЛУРГ е слободен