Еурофарм Пелистер 2 покажа „кој е газда“ во Битола (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 уште на стартот против Металург покажаа дека сезонава ќе има што да покажат и дека ќе бидат во конкуренција и за место во плеј-офот. Со нивната игра од денеска само потврдија дека може да се очекува да се надигруваат со секого така што високиот триумф над Работнички не е изненадување. Конечните 35:23 се само показател дека битолчани се во добра форма уште на старт така што дефинитивно во салата „Боро Чурлевски“ тешко ќе се освојуваат бодови. Фото: Димитар Петковски