Далеку е Пролет за струмичани (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Ракометарите на Пролет стигнаа до нова победа во групата А од Супер машката лига. Пролет немаше проблеми против тимот на Астраион и во текот на целиот натпревар беше во предност. Конечните 32:24 се доказ за она што беше сработено за 60 минути во кои имаше и два директни црвени картони.