Еден одложен натпревар, еден одигран предвреме и четири закажани за денеска е накратко пресекот за она што е актуелно во 5. и 6. коло од двете групи во Супер машката лига.
Во Групата А е одложена средбата меѓу Радовиш и Пролет поради тоа што во тимот од Скопје има неколкумина ракометари позитивни на Ковид 19. Затоа, пак, ќе има градски дуел меѓу КЛ 7 и Јуниор Кисела вода и ова може биде интересна средба во која може да решаваат нијанси.
Во Охрид се игра езерското дерби, кое не е на нивото од пред година-две, но сигурно ќе има што да понуди и да донесе интересен ракомет.
Што се однесува до Групата Б, таму Металург е во изолација, но овој тим својот дуел против Тиквеш го одигра одамна поради учеството во Лигата на Европа така што денеска остануваат уште две средби од 6. коло.
Прилеп ќе се обиде да го запре составот на Бутел Скопје кој досега е со максимум бодови во Групата Б така што ова на некој начин ќе биде и тест за тимот од Скопје.
На другиот дуел Работнички ќе се обиде да дојде до бодови против Младост од Богданци што значи дека и тука ќе може да се следи интересна средба.
СУПЕР МАШКА ЛИГА, ГРУПА А
ДВОЈКИ ЗА 5. КОЛО
НЕДЕЛА, 25 ОКТОМВРИ
13:00ч
КЛ 7 – ЈУНИОР КИСЕЛА ВОДА
Сала: „Борис Трајковски“ во Скопје. Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје. Делегат: Камер Металари од Скопје.
18:30ч
ОХРИД – СТРУГА
Сала: „Билјанини извори“ во Охрид. Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола. Делегат: Илија Цветкоски од Прилеп.
ОДЛОЖЕН НАТПРЕВР
РАДОВИШ – ПРОЛЕТ
Сала: СРЦ „25 Мај“ во Радовиш. Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје. Делегат: Душко Камишевски од Скопје.
АСТРАИОН е слободен
СУПЕР МАШКА ЛИГА, ГРУПА Б
ДВОЈКИ ЗА 6. КОЛО
МЕТАЛУРГ – ГРК ТИКВЕШ 36:24 (ИЗВЕШТАЈ)
НЕДЕЛА, 25 ОКТОМВРИ
13:00ч
РАБОТНИЧКИ – МЛАДОСТ БОГДАНЦИ
Сала: СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Судии: Дејан и Димитар Георгиевски од Скопје. Делегат: Русе Наумовски од Скопје.
19:00ч
ПРИЛЕП – БУТЕЛ СКОПЈЕ
Сала: Р. Р. Ричко во Прилеп. Судии: Спаско и Глигор Ќаеви од Скопје. Делегат: Марјан Начевски од Скопје.
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 е слободен