Ракометарите на Еурофарм Работник, по обврските во Лигата на шампионите и гостувањето кај Бидасоа Ирун, се враќа во регионална СЕХА лига и утре ќе го одигра дуелот со Веспрем. Десниот бек Невен Стјепановиќ вели дека Еурофарм има доволно квалитет да се носи со сите екипи.
„Првпат ќе играм против Веспрем и ќе ми биде задоволство. Ова е празник на ракометот во Битола. Уморни сме, имавме тешки натпревари, но ќе излеземе без притисок против ѕвездите на Веспрем. Во досегашниот дел од сезоната може да кажам дека ниту една екипа не нè надигра и мислам дека имаме квалитет да се носиме со сите екипи. Утре ќе се обидеме да одиграме што е можно подобар натпревар“, изјави Стјепановиќ.
Натпреварот меѓу Еурофарм Работник и Веспрем ќе се одигра утре од 17:15 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“.