Ракометарите на Струга со победа ги започнаа подготовките за пролетниот дел од сезоната.
Стружани на гостувањето во Прилеп против истоимената екипа триумфираа со 12 гола разлика, 35:23, во пријателски натпревар.
Двете екипи откако не обезбедија пласман во плеј-оф фазата, во продолжението од оваа сезона ќе се борат за опстанок.
Денес пријателски натпревар одиграа и екипите на Пролет и Голден Арт.
Победникот во дуелот беше екипата на Пролет, која против повратникот во Супер лигата слевеше со четири гола разлика, 35:31.