Екипата на Струга продолжува да ја темпира формата пред натпреварите од плеј-аут фазата во македонската елита.
Избраниците на Жарко Ферукоски на денешното гостување во Битола кај составот на Еурофарм Пелистер 2 беа минимално поразени со 28:25.
Ферукоски за дуелот против втората екипа на ,,фармацевтите” не можеше да смета на неколку клучни играчи поради повреда, така што поголема минутажа имаа помладите играчи.
Претходно Струга одигра пријателски натпревари против екипите на Охрид и Прилеп.
Еурофарм Пелистер 2, кој ќе игра во плеј-оф фазата и ќе се бори за повторно учество на европска сцена, ќе одигра уште неколку контролни дуели пред стартот на вториот дел од натпреварувачката сезона.