Синоќа на финалниот натпревар од Струшкиот турнир меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар, имало и трето полувреме.
Еден припадник на навивачката група „Чкембари“, кои пристигнаа во Струга да го бодрат својот тим, бил приведен.
Според извештајот на СВР Охрид, тој прво нападнал локален навивач од Струга, а потоа го нападнал и полицискиот службеник, кој преземал мерки за спречување на претходниот напад.
Од СВР Охрид ќе биде поднесена пријава за битолчанецот.
Иако не беше дозволена публика на отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“, сепак битолчани најдоа начин од надвор од теренот да го бодрат својот миленик и му помогнаа во освојувањето на трофејот.