СТРУГА 2020: Металари и Николовски ќе делат правда на дуелот меѓу европскиот првак и Охрид

Денеска ќе се одиграат трите натпревари од вториот ден на 48. издание од традиционалниот Струшки турнир.

На првата средба од 17:15 часот меѓу Бутел Скопје и Еурофарм Пелистер 2, правдата ќе ја делат Славе Николов и Ѓорѓи Начевскки, а делегат е Душко Камишевски.

Вториот дуел од 19:15 часот меѓу Металург и Прилеп ќе го судат битолчаните Методија и Михајло Илиевски, а делегат ќе биде Камер Металари.

Третата средба меѓу европскиот шампион Вардар и Охрид започнува од 21:15 часот, а правдата ќе ја делат Ненад Николовски и Исмаил Металари. Делегат ќе биде Славчо Каланоски.