Екипата на Еурофарм Пелистер е новиот освојувач на трофејот на струшкиот турнир, а после неколку години победи на тимови од страна на тронот е македонски состав. Ланскиот финалист годинава славеше со 26:23 во натпревар во кој во поголемиот дел од средбата беше во предност.
Вардар, кој како актуелен шампион на Европа имаше и улога на фаворит не успеа да го покаже најдоброто на терен бидејќи не го одигра она што се очекуваше, па на крајот мораше да потпише капитулација. „Црвено-црните“ не успеаја да одиграат најдобро што може така што останаа без трофеј во првиот турнир во новата сезона.
Со оваа победа составот на Еурофарм Пелистер воедно стигна до 12. круна во Струга и со неа се израмни со Вардар. Овие два тима веќе имаат заедно 24 титули што е рамно на пола од досегашните турнири. Последната титула на битолчани датира токму од Струга од 2011 година.
Инаку, според играта на овој турнир тренерите ги чека уште работа, а како изгледаше натпреварот низ фотографии можете да видите во продолжение.
[soliloquy id=”138433″]