СТРУГА 2020: Вардарци се стационираа во Охрид – вечерва на мегдан со „гладијаторите“ (ФОТО)

Ракометарите на Вардар во текот на вчерашниот ден пристигнаа во Охрид, а од денеска ќе бидат дел од Струшкиот турнир.

Избраниците на Стевче Алушовски имаа загревачки тренинг утринава за натпреварот против Охрид во првото коло.

Вечерва многу ракометари ќе имаат деби настап за европскиот шампион, а интересно ќе биде да се види како функцонира „црвено-црниот“ тим со изменет ростер.

Натпреварот меѓу Вардар и Охрид се игра вечерва на отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“ со почеток во 20:15 часот.