По завршувањето на регуларниот дел од Суперлигата, познати се најдобрите стрелци во елитното натпреварување.
Најдобар стрелец е српскиот среден бек од Тиквеш, Страхиња Симиќ со 122 гола на 22 одиграни натпревари.
На второто место е црногорското лево крило од Бутел Скопје, Мирко Мајиќ со 116 гола на 20 средби, додека трет е Тимур Дибиров со 112 погодоци на 17 натпревари.
Плеј-офот почна со тешка победа на Вардар над Охрид со 28-26, додека другите две средби, Еурофарм Пелистер – Тиквеш и Еурофарм Пелистер 2 – Бутел се играат утре и задутре.