Лидерот на прволигашката табела во групата Б, Алкалоид, забележа нова победа во оваа конкуренција, откако славеше над штипски Текстилец со убедливи 50-22
Победникот беше решен уште по првиот дел, кога домашниот тим направи залиха од дури 11 погодоци, 23-12.
Во второто полувреме нападот на избраниците на Љупчо Савевски беше уште подобар и до максимум го наполнија голот на штипјани со 50 погодоци.
Најдобри стрелци кај победникот беа Теодор Тодески и Александар Стојков со по осум погодоци, додека кај Текстилец се истакна Васе Петров, кој стрелаше 17 пати.
Во досега одиграни 15 средби, Алкалоид има 14 победи и едно реми, а во следното коло ќе гостува кај Куманово.