Селекторот на машката кадетска репрезентација Раде Стојановиќ, го објави поширокиот список пред стартот на подготовките за настапот на ЕХФ шампионатот во Летонија.
Стојановиќ на поширокиот список има 30 кадети, a ракометарите што ќе се најдат на скратениот список ќе го имаат првиот собир на 25 јуни во 13:00 часот.
На списокот се најдоа и тројца интернационалци – Давид Брестовац од германскиот Котбус, Борјан Дамјановски од австрискиот Грац и Мирче Калајџиески од словенечкиот Слован Љубљана.
Кадетите ќе бидат дел од ЕХФ шампионатот во главниот град на Летонија, Рига и ќе играат против домаќинот, Турција и Косово.
Доколку го освојат турнирот, кадетите ќе обезбедат место на ЕП и за нив и за кадетите во 2024 година, како и на кадетското СП во 2023 година.