Машката кадетска репрезентација на Македонија во рамките на подготовките за Светското првенство во Хрватска одигра две пријателски средби со селекцијата на Хрватска.
На првиот натпревар избраниците на Раде Стојановиќ, во чиј стручен штаб се уште Наум Танески и Бранко Ангеловски, загубија со 27-22, иако на полувремето имаа водство, додека на втората средба победија со 31-27.
Селекторот Стојановиќ е задоволен од прикажаното во Хрватска.
„Одигравме два квалитетни натревари со Хрватска, која во овие млади категории секогаш претендира за висок пласман. Јас и мојот стручен штаб сме задоволни од играчите и од нивниот пристап, борбеност и залагање. На овој собир мал хендикеп имавме со Борјан Дамјаноски, кој не настапи поради повреда и немаме јасна слика за неговиот квалитет. Би го издвоил голманскиот тандем – Галевски беше одличен на првиот натпревар, а Брестовац го потврди истото на вториот натпревар. Со добри и квалитетни припреми коа не очекуваат во текот на летниот период ќе ги заокружиме подготовките за претстојното Светско првенство во Хрватска“, изјави Стојановиќ.
Македонија е во група со Норвешка, Црна Гора и Грузија на Мундијалот што ќе стартува на 2 август.