Како што најави 24Ракомет, поранешниот репрезентативец на Македонија, Стефан Дрогришки го засили амбициозниот Охрид предводен од Горан Андоновски.
Дрогришки доаѓа во Охрид од Тиквеш Кавадараци, каде што соработуваше со Андоновски и одлично ги познава неговите квалитети.
Оваа полусезона Дрогришки во Кавадарци немаше голема минутажа, па реши да ја промени средината и потпиша со Охрид до крајот на сезоната 2023/24.
Во меѓувреме Турчинот Озтурк е пред преселба во Франција, па играч од типот на битолскиот бек, кој може да одговори и на левата страна ќе му дојде одлично на Охрид.
Охрид спогодбено ги раскина договорите со Тоше Ончев и Стефан Бошкоски, па сигурно ќе донесе уште еден играч од бековска линија. Тимот на Андоновски обезбеди место во плеј-офот, а таму ќе стартува без бодови.
Дрогришки потекнува од Пелистер, играше и за Металург и Еурофарм Работник.