Денеска стартува разигрувањето за титулата и за опстанок во македонската Суперлига со натпреварот меѓу Вардар и Охрид во Скопје. Бранителот на титулата Вардар има 5 бода и ќе биде во предност пред големиот ривал Еурофарм Пелистер од еден бод.
Нивниот меѓусебен двобој ќе биде на 26 март во Скопје и 30 април во Битола, па гарантирано ќе не чекаат две големи битки, иако и во регуларниот дел другите тимови Еурофарм Пелистер 2, Бутел Скопје, Охрид и Тиквеш покажаа дека можат да бидат опасни ако се потценети.
Охрид ќе гостува во Скопје кај Вардар кој остана без дуел од ЛШ оваа недела, додека битолчани по европскиот пораз, ќе бараат враќање на победничките патеки против Тиквеш.
Дербито ќе се игра в сабота меѓу Еурофарм Пелистер 2 и Бутел Скопје, двете екипи кои се на позициите 3 и 4. Нивните дуели секогаш беа неизвесни, па сигурно и в сабота не чека неизвесен ракомет.
Супер лига, плеј-оф, 1 коло:
3/3, 17:00 часот, Вардар – Охрид
4/3, 18:00 часот, Еурофарм Пелистер – Тиквеш
5/3, 16:00 часот, Еурофарм Пелистер 2 – Бутел Скопје
Супер лига, плеј-аут, 1 коло:
5/3, 16:00 часот, Струга – Скопје
5/3, 18:30 часот, Пролет – Радовиш
Титулата се решава во Битола: Вардар против Еурофарм Пелистер на 26 март и 30 април