Стари рани и донесоа солзи на Мундијалот во Шпанија

Голманката на Шведска, Мартине Турн имаше тешки моменти на средбата против Порторико, па дури и потекоа и солзи, кои не успеа да ги скрие.

На овој натпревар таа доби два удари во главата, а после натпреварот таа објасни која била причината за солзите.

„Тешко е да ги запрете емоциите кога ќе те погодат во главата. Вториот шут во главата беше навистина непотребен. Сега не чувствувам страв и сум смирена, но кога ќе ти се појават стари рано многу е тешко да се контролираат емоциите. Затоа ми течеа и солзи“, коментира Турн.

Ракометарката која има 30 години, во периодот од 2017 до 2019 година доживеа три потреси на мозокот. После вториот потрес и беа потребни дури осум месеци за да се врати на терените.

Нејзиниот настап на утрешниот дуел против Холандија е под прашање и ќе зависи од резултатите кои ќе бидат добиени од пргледите. Настапот и зависи од докторскиот тим.