Голманот на Еурофарм Работник, Благојче Трајкоски денеска ќе прослави роденден. Ракометарот кој во 2007 година настапи на Мундијалот за јуниори во Македонија, а во 2015 година на Светското првенство за сениори денеска полни 33 години.
Французинот Матје Гребил, кој настапува во редовите на Монпелје исто така е меѓу славениците. Тој го прославува својот 28 роденден.
Исто така 28 години ќе наполни и Алексис Боргес Хернанде. Се работи за Португалецот кој требаше да дојде во Вардар, а се одлучи да игра за екипата на Порто.
Тука е и Ерик Верстергрен Малмберг од Шведска. Тој игра за Савехов, а ќе наполни 20 години.
Среќен роденден Благојче, Матје, Алексис и Ерик!