Ракометарите на Вардар ги очекува реванш натпреварот од четвртфиналето на регионалната СЕХА лига против хрватскиот Нексе Нашице.
Вардарци донесоа победа од првиот натпревар во Хрватска со еден гол разлика, 30-31, но ќе мора добро да се испотат за да го потврдат местото на завршниот турнир.
СЕХА веќе ги делегираше и арбитрите за натпреварот меѓу Вардар и Нексе, а станува збор за српската судиска двојка Марко Боричиќ и Дејан Марковиќ.
Делегат ќе биде Драган Начевски, а дуелот ќе се игра пред празни трибини в недела во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 20:15 часот.