Поранешната репрезентативка на Романија и екс членка на Кометал ЃП, Нарцица Лекушану е присутна на Светското првенство за кадетки, на кое Македонија е домаќин.
Лекушану дел од слободното време во Скопје сигурно ќе го искористи за кафе муабет со нејзините поранешни колешки од Кометал ЃП, а денес прославената ракометарка од Романија на социјалните мрежи објави фотографија од средбата со Владимир Радиќ, кој на Лекушану во сезона 1997/98 и беше тренер во поранешниот европски шампион од Македонија.
Романката интернационалната кариера ја започна токму од Македонија. По една сезона мината во Кометал ЃП се пресели во бундеслигашот Борусија Дортмунд. Играше и за некогашните дански великани – Икаст и Алборг, а последните сезони од нејзината играчка кариера ги мина во редовите на Олчим Валчеа. Со репрезентацијата на Романија освои сребрен медал на Светското првенство во Русија (2005).
Романската легенда е член на Извршниот Комитет на Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) и на кадетскиот Мундијал присуствува како делегат од светската ракометна куќа.
Екс членка на Кометал ЃП доаѓа во Скопје: Ново натпреварување и нов предизвик!