Домаќинот на Европското првенство не успеа да стигне до бронзениот медал на домашен терен, откако загуби од Хрватска со 25-19.
Данскиот селектор Јеспер Јенсен не можеше да се помири со поразот и за него ги обвини арбитрите.
„Жал ми е поради се, мачно ми е во желудникот. Игравме добро цел турнир и тешко е на крајот да прифатиме дека останавме без ништо. Имам чувство дека ќе победевме ако одигравме на нашето ниво, но тоа не беше така. Можеби не бевме подготввени ментално за улогата на фаворит“, изјави Јенсен.
Тој се осврна и на судењето на овој натпревар.
„Ова беше смешно. Нас ништо не ни судеа, а на Хрватките се. Ова изгледаше како да игрвме на Балканот пред 20 години, кога однапред знаевте дека ќе загубите и ќе бидете измамени. Судијките цело време вршеа притисок на нас, сето тоа потсетуваше на периодот пред 20 години, кога играчите и арбитрите трчаа на теренот и разговараа на балкански јазици“, заврши Јенсен.
Кој губи, има право да се лути…
Нов голем ден за Хрватките, ја замолкнаа Данска и се враќаат дома со бронза
Да се поклониме пред Хрватска: Бајката во Данска обоена со бронза! (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Додека домаќинките плачеа, ечеше песна од хрватската соблекувална (ВИДЕО)
Мичијевиќ: Поздрав до сите Данци, ве љубат кралиците на шокот!