Се намалуваат ергените во репрезентацијата – Жарко Пешевски ќе „рипне во тавче“

Пред настапот на Македонија на Европското првенство во Унгарија и Словачка, ќе има честење меѓу репрезентативците.

Некогашниот кружен напаѓач на Металург и Мотор Запорожје, а сегашен на германскиот Штутгарт – Жарко Пешевски, реши да стави крај на ергенскиот живот.

Тој за време на новогодишната прослава реши да ја побара за сопруга неговата девојка Симеона и 2022 година да ја започне на прекрасен начин.

Доби „ДА“ од неговата избраничка, па се помал е бројот на ергени во националниот тим на Македонија.