Норвешкиот првак Колстад е првиот гостин во Битола кај Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите.
Овој тим пред гостувањето кај пелистерци, одигра меч од првата рунда на Купот на Норвешка и обезбеди место во осминафиналето.
Колстад славеше на гостувањето кај составот на Рап со убедливи 42-16, а тренерот Кристијан Берге одмораше дел од главните ракометари.
Во нивно отсуство најдобар стрелец беше десното крило Ерленд Јонсен кој даде 14 гола. На клупата беа, но не влегуваа во игра Горан Јоханесен, Торнбјорн Бергеруд, Сигвалди Гудјонсен…
Во составот не беа Магнус Род и Сандер Сагосен, кои не играа ниту на претходниот меч против Берген поради мали повреди. Дали се подготвени за настап во Битола ќе видиме во среда.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Колстад се игра в среда на 13 септември во „Боро Чурлевски“ со почеток во 18:45 часот.