Салата им беше уништена од земјотресот – собираат донации за нова

Пред крајот на претходната година Хрватска се соочи со низа земјотреси. Најмногу страдаше градот Петриња, град во кој живеат околу 20.000 жители. Земјотресот со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала го разруши малиот град, а земјотресот беше почуствуван низ целиот Балкан.

Петриња е ракометен град и во изминатите 62 години беше дел од базата на ракометните центри од Хрватска кои произведуваа добри и квалитетни играчи. Пред настанот со земјотресот, ракометниот клуб во Петриња броеше околу 100 играчи под 29 години. Петриња беше домаќин и на неколку ракометни турнири со цел промовирање на ракометот во малиот град.

Сепак спортската сала во Петриња настрада од земјотресот, а ракометот како спорт во градот е пред исчезнување. Општина Петриња под кампањата „мал град со големо срце“ ќе се обиде да ги собере потребните, околу 100.000 евра за алтернативна сала односно претворање на спортското игралиште во балон за сите спортови.

Секој кој што сака да помогне може да го посети официјалниот сајт на ракометниот клуб Петриња, www.rkpetrinja.hr. На сајтот има детални информации како може да се донира од целиот свет.