Репрезентацијата на Македонија утре го игра натпреварот од бараж двомечот против репрезентацијата на Чешка. Натпреварот се игра во терминот од 20:15 часот во Злин во салата „Датарт“
Екипата на „24Ракомет“ веќе е во Злин, а денес ја посетивме и салата во која нашите репрезентативци утре ќе ја водат првата битка од финалниот бараж.
Очекувањата се оваа мала сала да биде исполнета до последното место, а ракометарите на Чешка да добијат максимална поддршка од навивачите.