Савевски одбра за Медитерански игри – 16 ракометарки ќе играат во Оран

Селекторот на женската репрезентација на Македонија, Љубомир Савевски, ги одбра 16 ракометарки што ќе настапат на Медитеранските игри во Алжир.

Дамите заминуваат за Оран вечерва во 23:00 часот заедно со цела македонската делегација, а од 22 ракометарки што ги стартуваат подготовките, отпаднаа шест.

Во Оран нема да патуваат Нина Попова, Наталија Максимовска, Сара Богоеска, Анастасија Тодоров, Ива Велкова и Ана Марија Талева.

Македонија се наоѓа во групата Б на Медитеранските игри и ќе игра против Србија, Турција и Португалија, а првиот меч е на 30 јуни, па ракометарките ќе имаат доволно време за аклиматизација.

Состав на Македонија:

Марија Јовановска, Андреа Седлоска, Сара Стефановска, Сара Миновска, Теодора Дукоска, Емилијана Ризоска, Ангела Јанкуловска, Ива Младеновска, Јована Кипријановска, Ивана Арсениевска, Александра Коловска, Ивана Џатевска, Борјана Коцева, Бојана Коцева, Матеа Чурлиновска, Марија Јанкуловска