РФМ ја казни Преспа и додели службена победа за Овче Поле!

Дисциплинската комисија на Ракометната федерација на Македонија донесе одлука за неодиграниот натпревар од третото коло од прволигашкиот плеј-аут.

Дуелот меѓу Овче Поле и Преспа, кој беше закажан за 8 април, не беше одигран во предвидениот термин, бидејќи гостите од Ресен не допатуваа во Свети Николе.

Според билтенот на РФМ и Правилникот за организација на ракометни натпревари, причините за неодиграниот натпревар се неоправдани.

Дисциплинците на македонската куќа на ракометот ја казнија Преспа со минус еден бод, и доделија службена победа за Овче Поле со 10-0.

Сепак ова ништо не менува на табелата, со оглед дека нема испаѓање од оваа конкуренција, ниту пак се игра за опстанок.