Управниот Одбор на Ракометната федерација на Македонија донесе одлука за премија од 50.000 евра ако сениорите обезбедат место на Мундијалот во Полска и Шведска.
Машката репрезентација ќе се соочи со Чешка во бараж двомеч, кој ќе се одигра во Злин и во Скопје.
„Согласно Член 35 од Статутот поради итност на донесување на одлуки согласно Член 3 точка 11 “Одлука без присуство” од Законот за здружение и фондации (Сл. весник на РМ бр. 52 од 16.04.2010 год.), Ве молиме за потврда на Одлука без присуство :
• За одредување на парична награда за македонската сениорска машка ракометна репрезентација за пласман на IHF World Championship 2023 во Полска и Шведска во висина од 50.000,00 Евра нето износ“, се вели во одлуката на УО на РФМ.
Првиот меч меѓу Македонија и Чешка се игра во Злин на 13 април од 19:15 часот, додека реваншот е во Скопје на 17 април од 19:00 часот.