Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ја исплати наградата од 50.000 евра на машката сениорска репрезентација за пласман на Светското првенство 2023, кое ќе се одржува во Полска и Шведска.
По претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денес Ракометната Федерација на Македонија ја исплати наградата од 50.000 евра на машката сениорска репрезентација за пласманот на Мундијалот во 2023.
Македонската сениорска репрезентација обезбеди пласман на Светското првенство совладувајќи ги репрезентациите на Романија и Чешка во бараж квалификациските натпревари.
Сениорската репрезентација на Македонија го задржа континуитетот на настапи на големите натпреварувања, обезбедувајќи осмо учество на Мундијалот.
Македонија се најде во вториот шешир пред ждрепката за СП, а на 2 јули ќе ги дознае ривалите на светскиот собир.