Пред стартот на ревијалниот натпревар, првиот човек на македонскиот ракомет, Живко Мукаетов и генералниот секретар, Филип Милошевски, на 22 ракометари кои веќе не играат за репрезентацијата им доделија врамени дресови.
Митко Стоилов, Столе Стоилов, Горан Кузманоски, Бранко Ангеловски, Стевче Алушовски, Влатко Митков, Ацо Јоновски, Филип Миркуловски, Велко Маркоски, Златко Мојсоски, Борко Ристовски, Александар Јовиќ, Наумче Мојсовски, Ванчо Димовски, Петар Ангелов, Филип Лазаров, Златко Даскалоски, Гоце Макалоски, Горан Ѓоргоноски, Раде Стојановиќ, Кире Лазаров, Владо Недановски…добија признанија за досега даденото за Македонија.
Судии на мечот се Марјан и Драган Начевскки, како и Лела Јашар и Михаела Капсарева, а делегати се Марјан Огњановски и Гордана Нацева.
Трибините во СЦ „Борис Трајковски“ се исполнети до последно место…