Во одложен натпревар, кој требаше да се одигра викендов, тимот на Голден Арт 2 убедливо го совлада Кичево резултат 42:27 (22:12).
Избраниците на Филип Глигоров со новата победа дојдоа до 22 бодови на свое конто и заостануваат на само два бода во однос на моментално четвртопласираниот Младост Богданци, кој има 24.
Од стартот на натпреварот, победникот не беше доведен во прашање, во ситуација кога домаќинот ја презема иницијативата и ја зголемуваше разликата во погодоци до крајот на натпреварот.
Петар Стојаноски со осум и Марко Пасковски со седум погодоци беа најефикасни кај домаќинот, а за обележување се и 4 погодоци на 16 годишниот Марко Каракалашев во сениорска конкуренција.
Голден Арт 2 во следното коло ќе гостува во Богданци кај Младост додека Кичево на свој терен ќе го пречека Аеродром.