Денеска во Будимпешта беа извлечени бараж двојките за пласман на Светското првенство во Полска и Шведска следната година.
Машката репрезентација на Македонија ќе мора да игра да мине две пречки до нов настап на светски собир.
Избраниците на Кире Лазаров ќе се соочат со селекцијата на Романија во двомеч од првиот бараж. Македонија ќе биде домаќин на првиот натпревар.
Романците мораа да минат претквалификациски турнир за да стигнат до првиот бараж, а таму успешно ги минаа Израел и Молдавија.
Натпреварите од првиот бараж се играат меѓу 14 и 20 март, додека натпреварите од вториот бараж се на програмата во 11 и 17 април.