Ристовски: Донесовме шест засилувања – првична цел е стабилизација на клубот

Новиот извршен директор на Вардар, Борко Ристовски, потврди дека пред стартот на сезоната потпишани се договори со шест засилувања.

Тој се заблагодари на Михајло Михајловски за укажаната функција и вели дека таа носи одредена тежина и одговорност.

„Сакам да му се заблагодарам на Михајловски за укажаната доверба. Ваквата функција не е мала работа, Вардар е најдобриот македонски клуб, па носи одредена тежина и одговорност. Чест ми е што ќе бидам дел од тимот што ќе се обиде да го врати Вардар таму каде што припаѓа. Јас ќе се обидам сите мои контакти да ги искористам за помош на Вардар. Ова ќе биде еден поинаков чекор во мојот живот, но подготовен сум. Целта е прво да го стабилизираме клубот. Да направиме сè што можеме да дојдеме до стабилни финансии и добар играчки кадар. Се надевам до почетокот на сезоната ќе го завршиме тоа. Досега доведовме шест нови засилувања. Оставаме простор ако се појави интересен играч на пазарот да се вклучиме во трката за потпис. Досега ги доведовме Петриќ, Срдановиќ, Николиќ, Јасухира, Нилтон Мело и Родригез, кои ќе тргнат во подготовките со тимот“, изјави Ристовски.

Вардарци денеска ќе ги почнат подготовките со новите имиња, а ќе имаат проверки на Струшкиот турнир пред двомечот со Рајн Некар Левен во Лигата на Европа.

Михајловски: Се повлекувам од Вардар, но го оставам клубот во сигурни раце!

 

Крај на една ера – Стојанче Стоилов ја заврши кариерата!