„Рибари“ се враќаат во сала – најавија спектакл за мечот меѓу Охрид и Вардар

РК Охрид добива вистинско засилување пред почетокот на плеј-офот. На трибините во „Билјанини извори“ се враќаат најверните навивачи на клубот, популарните „Рибари“. По краток период расчистени се сите недоразбирања, па во пролетниот дел РК Охрид ќе може добие ветер во грбот и од својот осми играч.
„Рибари“ преку соопштение официјално објавија дека се враќа на натпреварите на Охрид оваа сезона, а полусезоната ја  започнуваат против актуелниот македонски првак Вардар.

Со гордост можеме да кажеме дека ГРК „Охрид“ повторно ја добива својата душа- навивачката група Рибари. -порачаа охридските фанови.

Тие најавија спектакл на првиот домашен натпревар од разигрувањето за титулата што ќе се одигра меѓу Охрид и Вардар на 18 февруари.