Екипата на Охрид, која вчера ги започна подготовките за пролетниот дел од сезоната, денес го промовираше новото засилување во своите редови.
Нов ракометар во тимот на Горан Андоновски е репрезентативецот на Турицја, Ерај Каракоч.
21-годишниот ракометар во Охрид доаѓа од турскиот суперлигаш Трабзон, настапува на позицијата среден бек и со македонскиот суперлигаш потпиша договор со важност до 2024 година.
Охрид за пролетниот дел од сезоната се засили и со Стефан Дрогришки од Тиквеш и Гал Цирар од словенечкиот Ормож.
Клубот по завршувањето на регуларниот дел од сезоната го напуштија Тоше Ончев, Стефан Бошковски и Халил Озтурк.
Амбициозниот тим на Охрид во наредните пет недели интензивно ќе се подготвува за продолжението на првенството, период во кој ќе бидат одиграни и неколку контролни натпревари.