Рајчиќ собра 19 интервенции, но Црна Гора минимално поразена од Бразил

Репрезентацијата на Црна Гора на подготовките во Шиофок беше минимално поразена од Бразил со резултат 22:21.

Иако беа поразени, избраничките на Бојана Поповиќ одиграа солиден натпревар. Бразил победничкиот гол го постигна од пенал во последните секунди.

Најефикасни во репрезентацијата на Црна Гора беа Итана Грбиќ и Мајда Мехмедовиќ со по четири гола. Голманката на Црна Гора, Марина Рајчиќ блескаше на голот со 19 интервенции.

Претходно, Црна Гора беше поразена од Унгарија со 28:22. По одиграните пријателски натпревари, репрезентативките на Црна Гора се враќаат во Подгорица, а на 15 јули патуваат на Олимписките игри во Токио.