РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ: Вардар тргнува нагости кај Скубе и Брест, прв гостин во Скопје ќе биде Елверум

Ракометарите на Вардар ги дознаа противниците за новата сезона во Лигата на шампионите.

„Црвено-црните“ ќе се сретнат со старите познаници Порто, Келце и Мешков Брест, а ќе играат и против ПСЖ, ПИК Сегед, Фленсбург и аутсајдерот Елверум.

Според распоредот на натпревари, Вардар ќе ја отвори сезоната со незгодно гостување во Брест, а прв гостин во Скопје ќе биде норвешкиот шампион.

Овој распоред може да претрпи измени по договор на ЕХФ, двата клуба, како и ТВ куќите кои ќе ги пренесуваат натпреварите.

Првото коло ќе се игра на 16 или 17 септември, а до крајот на 2020 година треба да се одиграат десет кола.

Групи во ЛШ:

Група А: Вардар, ПСЖ, Келце, Порто, ПИК Сегед, Мешков Брест, Елверум, Фленсбург
Група Б: Барселона, Веспрем, Кил, Алборг, Нант, Мотор Запорожје, Целје, Загреб

Распоред на натпревари:

1 коло, 16/17.09.2020, Мешков Брест – Вардар
2 коло, 23/24.09.2020, Вардар – Елверум
3 коло, 30.09-01.10.2020, ПИК Сегед -Вардар
4 коло, 14/15.10.2020, Вардар – Фленсбург,
5 коло, 21/22.10.2020, Вардар – Порто
6 коло, 28/29.10.2020, ПСЖ – Вардар
7 коло, 18/19.11.2020, Вардар – Келце
8 коло, 25/26.10.2020, Келце – Вардар
9 коло, 02/03.12.2020, Порто – Вардар
10 коло, 09/10.12.2020, Вардар – ПСЖ
11 коло, 10/11.02.2020, Фленсбург – Вардар
12 коло, 17/18.02.2021, Вардар – ПИК Сегед
13 коло, 24/25.02.2021, Елверум- Вардар
14 коло, 03/04.03.2021, Вардар – Мешков Брест