Ракометарката од Македонија, Зорица Десподовска, која веќе неколку сезони настапува во шампионатот на Полска, доби полско државјанство.
Искусната ракометарка веста ја сподели преку социјалните мрежи.
,,Добар почеток на Новата Година.Официјално добив Полско државјанство”, напиша Десподовска на социјалната мрежа Инстаграм.
Македонката, моментално настапува за екипитА на Кобержице. Со екипата од Полска во оваа сезона настапуваше на европска сцена, поточно во Европскиот Куп.
Некогашниот лев бек на Металург во својата кариера настапуваше и за турскиот суперлигаш Муратпаша, потоа Луги од Шведска, Кобленц и Розенгартен Бухолц од Германија, како и за екипите на Пјотрковија.
View this post on Instagram