Машката и женската репрезентација на Македонија синоќа пристигнаа во Оран, каде што ќе се играат Медитеранските игри.
Македонската делегација, во која беа и ракометните селекции патуваше со чартер лет до алжирскиот град, а избраниците на Лазаров и избраничките на Савевски до стартот на турнирот ќе имаат една недела за адаптација на условите.
Ракометарите се наоѓаат во групата Б со јужниот сосед, Турција, Шпанија и домаќинот Алжир, а првиот меч го имаат на 28 јуни против јужниот сосед, додека ракометарките се во групата Б со Србија, Турција и Португалија, а тие првиот меч ќе го одиграат на 30 јуни против Турција.
Покрај ракометарите и ракометарките, Македонија ќе има и судиски пар на Медитеранските игри – браќата Михајло и Методија Илиевски.