Екипата на Радовиш, која се бори за опстанок во македонската елита, за останатите дуели ангажираше ново засилување.
Станува збор за довчерашниот ракометар на Прилеп, Синиша Павлов, кој настапува на позицијата десен бек.
Прилепчанецот ќе биде вистинско освежување во тимот на Мијалов, со оглед на тоа дека располага со добар шут од далечина, но и игра во два правци.
19-годишниот ракометар краток период беше дел од составот на Голден Арт, додека во сезона 2021/22 се врати во редовите на Прилеп.
200 сантиметри високиот десен бек со раководството на неговиот нов клуб се договори на соработка до крајот на натпреварувачката сезона 2022/23.
Претходно Радовиш се засили со ракометарот од Аеродром, Филип Талевски. Од клубот си замина средниот бек, Јакша Вјештица.
Радовиш во воведниот дел од плеј-аут натпреварувањето забележа само еден бод, оној против Вардар Неготино.
Избраниците на Мијалов во следното, 4. коло на свој терен ќе играат против Куманово.